Во мај месец пред 15 години се воведе денарот како македонска национална валута. Осамостојувањето се одвиваше низ многу институции и сложени процеси но, народот тоа директно го почувсвува преку денарот. Секој Македонец се почувствува горд кога за прв пат во рака го здогледа македонскиот денар. Овој јубилеј освен Народната Банка на Македонија го одбележаа и учениците од економските паралелки при Гимназијата Св. Климент Охридски од Охрид. Беше изложено пано со стари пари и првите бонови кои претходеа на денарот. Креативните ученици составија и песна која беше наградена од Охридска Банка.


Професор
Аслимоска Воскра