Пет лица загинаа во пожар во зграда во која се сместени градежни работници во пристанишниот град Севастопол, на црноморскиот полуостров Крим, пренесе ДПА.
Телата на загинатите мажи биле откриени откако пожарот бил изгаснат. Причината за пожарот сè уште не е позната.
Русија во 2014 година незаконски го анектираше Крим, кој повеќето земји го признаваат како украинска територија.
OhridNews