Индиски товарен авион Ц-130Ј Херкулес се урна во петок во централната индиска држава Мадја Прадеш, во градот Гвалиор, при што најмалку пет лица загинаа, јавува „Макфакс“.
Раша тудеј, сервисот на шпански, јави дека овој авион учествувал во потрагата по исчезнатиот малезиски „боинг“.
Индиските портали јавија дека Индија испратила едно летало од овој тип да се вклучи во потрагата по исчезнатиот малезиски авион, но сè уште не е јасно дали овој авион паднал за време на потрагата.
OhridNews
извор:„Макфакс“