Бројот на сообраќајните незгоди со потешки последици – незгоди со загинати и повредени лица и незгоди со поголема материјална штета, на територијата на општина Охрид во  2009 година, во споредба со истиот период од претходната година е во намалување. Имено, во 2009 година во охридско случени се  152 незгоди во кои пет  лица загинале и 214  се повредени, додека бројот на сообраќајни несреќи во 2008 бил 156, при што загинале 13 лица, а 231 биле повредени. Вкупната материјална штета направена во сообраќајните несреќи во Охрид во 2009 година се проценува на 4.800.987 денари.

Вкупно на територијата на целата држава минатата година се случиле 4.357(4.408 во 2008г.)сообраќајни незгоди со потешки последици, што претставува намалување за 1,2% во споредба со истиот период од 2008 година.

Од вкупниот број незгоди со потешки последици, во населените места се случиле 3.154 незгоди во кои 69 лица загинале и 4.459 се повредени. На отворените патишта се случиле 1.203 незгоди во кои 91 лице загинале и 2.272 се повредени. По месеци најмноги незгоди се случиле во јули-475, а најмалку во јануари-223. По денови, најмногу сообраќајни незгоди имало во   петоците-677, а најмалку во средите -576.  Најмногу незгоди се случиле во времето од 16 до 18 часот-637, а најмалку во периодот помеѓу 14 -16 часот-76 незгоди. Најголем број повредени и загинати се возачи, по што следуваат патници и пешаци.

Полицијата против сторителите на сообраќајни прекршоци во текот на 2009 година презела вкупно 351.568 превентивно репресивни мерки, што е за 5,1 % повеќе отколку во 2008 година.

Ohridnews