Најмалку пет лица се повредени, од кои двајца полицајци, во вооружениот грабеж на  „Про Кредит Банка“ во Скопје. Непознатите ограбувачи со себе однеле 50.000 евра, соопшти банката.

Ограбувачите како што пренесуваат националните медиуми упаднале во банката и почнале да пукаат во сефот. Веднаш интервенирала полицијата, а во престрелката која траела пет минути биле повредени двајца полицајци и една 40- годишна жена која се возела во автобус. Таа е хоспитализирана во градската болница со лесна повреда -гребнатини на кожата на колкот, каде се примени уште две лица на возраст од 29 и 59 години, кои исто таа имале лесни повреди. Едното од нив било удрено со кундак од напаѓачите.


Повредените полицајци биле пренесени во Ургентниот центар. И двајцата имаат прострелни рани но се вон животна опасност. Едниот од нив поради сериозноста на повредата се наоѓа на интензивна нега.

Ограбувачите од местото на настанот побегнале со две возила, од кои едното, алфа ромео, било пронајдено во Стенковец, а другото се упатило кон Косово. МВР интензивно трага по напаѓачите.

Ohridnews
фото:Идивиди