Во последните 24 часа се направени 2.466 тестирања, а регистрирани се пет нови случаи на КОВИД-19. Регистрирани се осум оздравени пациенти и едно починато лице во болнички услови. Бројот на активни случаи изнесува 251, информираат од Министерството за здравство.
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа регистрирани се пет нови случаи на КОВИД-19 од Скопје – 3, Куманово и Тетово – по 1.
Регистрирани се 8 оздравени пациенти од: Скопје и Тетово – по 2, Кичево, Гевгелија, Валандово и Демир Хисар – по 1.
Пријавено е едно починато лице од Кичево (39г), починато во болнички услови.
Во моментов во Охрид има 16 активни случаи.
OhridNews