Тотенхем никако неможе да врзе два добри натпревари во Премиер Лигата. “Петлите“ со главата надолу се враќаат од гостувањето во Блекпул каде беа поразени со 3-1.

Шкотланганецот Чарли Адам од пенал ја отвори серијата, Кембел зголеми на 2-0 додека Ормерод беше прецизен за 3-0. Почесниот погодок за Тотенхем беше дело на русинот Павличенко.

Со победата Блекпул скокна на 12-то место со 32 бодови, “петлите“ по 27 кола се наоѓаат на 4-то место во Премиер Лигата.

Мх.П