Фудбалерите на Тотенхем ќе се борат за трофеј сезонава откако обезбедија прогрес во финалето во англискиот Лига куп.
Патот до легендарниот стадион „Вембли“, каде се игра финалето на „петлите“ им го трасираше триумфот (2-0) против тимот на Брентфорд. Избраниците на Жозе Мурињо победата вредна полуфинале ја обезбедија со по еден погодок во двете полувремиња. Во првиот прецизен беше Муса Сисоко, а во вториот Хон Сон Минг.
Противник на Тотенхем во финалето, кое ќе се одигра во април месец ќе биде подобриот од градската пресметка во Манчестер. Лутите градски ривали силите ќе ги одмерат в среда (утре) во 21 часот.
OhridNews