ФК „Воска Јуниорс“ од Охрид генерацијата 95/96, од неодамна учествува во Скопската Лига која е во организација на Фудбалската федерација на Македонија каде учествуваат екипите на ФК Вардар, ФК Работнички, ФК Македонија Ѓ. П.

Според претседателот и главниот спонзор на Воска Јуниорс, Ристе Трајкоски ваквата одлука се должи пред се поради побрзата и подобра афирмација на младите фудбалери како идни професионалци.

Ова се случува за прв пат во Охрид некоја екипа од младите категории да се натпреварува надвор од својот град или регион. Секоја недела патуваме за Скопје на натпревари . Свесни сме дека децата се  мали за тоа, но оваа генерација на фудбалери ни дава за право да превземиме ваков .Со  учество во Лига во Скопје тие ќе бидат поблиску до „очите“ на поголемите клубови, вели Трајкоски.

Од досега прикажанато, на поширокиот репрезентативен список е неколку фудбалерчиња на Воска Јуниорс, а клубот остварил контакти и со директорот на Академијата за спорт и млади од Шведска. Учеството во оваа лига ќе им овозможи на дел до момчињата да го продолжат своето образование во Скопје каде ќе продолжат да ја градат и фудбалската кариера.

Младиот тим на Воска Јуниорс засега е помогнат само од градоначалникот Александар Петрески кој редовно им го обезбедува превозот од Скопје.

Во организација пак на ФК „Воска Јуниорс“ во мај оваа година осумте екипи од оваа лига ќе допатуваат во Охрид на турнир.

                                                                                       М.П./С.В.