Втор натпревар во низа, меч на кој ќе игра Охрид ќе го води велешанецот Зоран Петковски. Судијата од Велес беше несреќен за “рибарите“ во неделата кога беа поразени од Ринија во Гостивар со 1-0.


Петковски на мечот покажа четири жолти картони, два на домашните два на гостите. Кај охриѓани пожолтеа Митрески и Китрозоски.

Помошници на Петковски на денешиот меч против Еуромилк ќе му бидат неговите сограѓани Манасиев Горан и Новачев Петар.

Ohridnews