Левиот блок политички партии мора да се врати на политичката сцена заради демократските процеси и  иднината на Република Македонија и  заради политичкиот баланс во државата. Апсолутната власт на Груевски и фактот што освои 26 проценти од електоратот во Македонија е најголемиот предизвик на левицата” изјави претседателот на Новата социјалдемократска партија на Македонија, Тито Петковски кој синоќа во Охрид одржа трибина за актуелните состојби во државава.

Како што рече Петковски, трибината се одржува во вистинско време кога треба да се анализираат пост-изборните состојби. “Ова е време кога треба да носиме релевантни политички одлуки. Пред нас се  локални избори, но се подготвуваме и како опозиција во парламентот, додаде тој.

Како причина за отворени разговори со членството, претседателот на НСДП ја посочи и актуелната внатрепартиска состојба, формирањето нова партија на дел од членовите, како и наговестувањето за формирање на  уште една нова  партија од страна на дел од раководството.

Петковски, вакви трибини одржува во повеќе градови од државава.

А. Ристоска