Во рамки на Ohrid Water Festival вчера во просториите на Црвен крст Охрид охриѓани имаа можност од таканаречениот „човек амфибија“ Јане Петков да слушнат за неверојатните можности на човечкиот дух, за силината на мислата и волјата која во комбинација со посебни техники на дишење тој ги применува во животот, а особено при изведување на подвизи кои се граничат со човечките можности.
А еден од предизвиците на седумдесетгодишниот Јане Петков ќе биде и денешниот, врзан со лисици на рацете и во вреќа, потопен на дното на Охридското Езеро, да се ослободи и излезе на површината од езерото.
Овој атрактивен настан започнува во 12 часот на плажата Сараиште во Охрид.
OhridNews