Потребно е воспоставување концепт на обнова која ќе донесе коренити реформи, квалитет и мотивација во културата. Со цел обезбедување на достоинствени услови за работа на уметниците и достоинствено презентирање на културните и уметничките достигнувања се обврзуваме на реконструкција со надградба и доградба на објектот на НУ Центар за култура „Григор Прличев“, со цел обезбедување нов објект наменет за Македонски народен театар „Григор Прличев“, рече кандидато за пратеник од редовите на ВМРО ДПМНЕ во ИЕ5, Лидија Петкоска.

Културниот идентитет ни дава чувство на припадност, тој е столб на континуитетот на постоењето на една заедница и еден народ. Програмата на ВМРО-ДПМНЕ содржи мерки и проекти чија цел е зачувување и зацврстување на културниот идентитет како на македонскиот народ, така и на етничките заедници. Зачувување и унапредување на македонскиот јазик како најзначајно идентитетско обележје. Изработка на академска граматика на македонскиот јазик, етимолошки речник, дијалектни речници и изработка на електронски корпус на македонскиот јазик. Збогатување на е-библиотеките со изданија на македонски јазик и на другите етнички заедници и објавување речници на јазиците на етничките заедници, – истакна Петкоска.

Таа најави едукативни центри, поддршка за младински фестивал и на младинските уменици со овозможување настап низ општините во Македонија, надополнети и со филмски проекции и преку финансиска поддршка за купување на музички инструменти и други потребни материјали.

OhridNews