Имено, како што информираат членови на македонската дијаспора, Luke Simpkins неодамна на седница на австралискиот Парламент ги поздравил пратениците со „Добар ден“ и својот говор го посветил на како што рекол дискриминаторската политика на Австралија кон Македонија. „Како би било некој нас да не нарекува Поранешна британска колонија Австралија, запрашал Luke Simpkins. Со овој говор тој го навлекол гневот на побројната грчка заедница и сега е под голем притисок од сопартијците Грци, да го промени промакедонскиот став. Според македонската дијаспора Luke Simpkins секојдневно добивал закани, но засега опстојувал на ставот. За да го охрабри, македонската дијаспора покрена петиција за благодарност и поддршка на австралискиот парламентарец Luke Simpkins, која има за цел да го охрабри да продолжи со лобирањето за Македонија во Парламентот на Австралија. Македонците можат да ја потпишат петицијата на следниов линк:
http://www.ipetitions.com/petition/ThankYouLuke/
Петицијата со македонските потписи ќе биде испратена до австралискиот парламентарец Luke Simpkins.