Едно петгодишно дете преживеало пад од петти кат, а лекарите констатирале само неколку скршеници, соопштила полицијата.


Детето заедно со други деца играло на балконот на една зграда во Западна Германија, изгубило рамнотежа и паднало на тревникот на приземјето. Детето било веднаш префрлено во болница и поминало само со неколку скршеници.