Хозе Луиз Очоа од Ламонт, Калифорнија, му подлегнал на раните кои му ги нанел петел со нож зацврстен за ногата кој се користи за борбите со петли. Овој човек починал во болница два часа откако разлутената птица повеќе пати го забодила со ножот додека ја гледал илегалната борба со петли.
Портпаролот на локалниот шериф изјавил дека не е познато дали за неговата смрт допринел и фактот дека медицинската помош му била укажана со задоцнување. Тој додале дека Очоа и останатите присутни се разбегале кога се појавила полицијата, поради фактот што тој од претходно и бил познат на полицијата како човек кој поседува и тренира петли за борби.