Фудбалерите на Барселона се пласираа во 1/4 финалето во Купот на Шпанија победувајќи го Легањес со убедливи 5-0. Дуелот на Ноу Камп го одбележа Лионел Меси кој стигна до вкупно 500 победи во дресот на Барселона.

Резултатот во осминафиналниот натпревар го отвори Ентони Гризман после четири  минути игра. На 2-0 зголеми Ленглет кој највисоко скокна после центаршутот на Меси од корнер. Капитенот на каталонците ги постигна головите за 3-0 и 5-0, а помеѓу неговите погодоци прецизен беше Артур.

Меси е единствен фудбалер со учинок од 500 победи на клупски план. Веднап до него се поранешните фудбалери на Барселона, Чави (476) односно Иниеста (459).

OhridNews