Единаесеткратниот победник Петар Стојчев утре точно на пладне ќе означи почеток на 32-то издание на Охридскиот пливачки маратон. Бугаринот изрази големо задоволство од Пливачката федерација на Македонија и организаторите за честа да биде дел од маратонот.
- Сакам јавно да им се заблагодарам на моите пријатели за поканата да бидам дел од маратонот. За мене овој маратон има посебно значење, бидејќи тука во 1992 година ја започнав кариерата и ги постигнав најголемите успеси. Водата во Охридското езеро за разлика од другите домаќини на маратони е бистра и слатка и не создава дополнителни проблеми. Ми беше мило што долги години пливав и победував на маратонот кој го чуствувам како свој. – изјави Стојчев.
Стојчев во Охрид победуваше од 2001 до 2004. Една година од тронот го симна Французинот Жил Рондо, а потоа победуваше од 2006 до 2012 година во серија.
OhridNews