Најмладите охриѓани вечерва, со почеток во 19 часот во Центарот за култура “Григор Прличев” ќе имаат можност премиерно да ја погледнат детската претстава “Петар Пан”.


Претставата е во режија на Ташко Лаброски,  а ќе биде изведена од членовите на охридското детско студио „Мулти  култи“. Билетот за претставата чини 100 денари.

OhridNews