Македонската кошаркаска легенда, Петар Наумоски се најде во фокусот на Евролигата каде му беше оддадено признание како еден од најдобрите играчи европскиот континент.
Се работи за специјалната едиција наречена „101 Greats of European Basketball“ („101 најдобар играч во историјата на Европската кошарка) во која Владимир Станковиќ издвојува место за најдобрите играчи меѓу кои е и нашиот Наумоски или како што е опишан „македонскиот бисер“.
Популарниот Пеце во својата кариера освои 24 трофеи во Југославија, Турција и Италија, па за Станковиќ тој е најдобриот играч кој излегол од Македонија иако во своето излагање го споменува Благоја Георгиевски Буштур.
Повеќе околу прилогот од Евролигата за нашиот кошаркар можете да погледнете на следниов линк, тука.
OhridNews