Хана Хуљиќ и Петар Грашо вчера добија ќерка откако таа се породи в болница во породилиштето во Сплит. Мартина Подгорски, соработничка на Грашо, ја потврди веста за хрватските медиуми.
Така е, Хана денеска роди девојче во болницата во Сплит, тешко 3.100 грама. Сѐ мина добро – и мајката и бебето се добро!, изјави Мартина.
Како што пренесе „Индекс“, девојчето се вика Алба. Ова е прво дете за поп-музичарот Петар Грашо (45) и неговата 14 години помлада сопруга, Хана Хуљиќ.
OhridNews