Охридските кошаркари го претрпеа првиот пораз на домашен терен сезонава, втор вкупно во Првата лига, откако изгубија од Куманово (96-66) во третата рунда од шампионатот.
„Галебите“, имаа водство по првата четвртина (22-20), а го контролираа резултатот до финишот од вториот период, кога гостите со серија (9-0) го презедоа водстовото и на одмор заминаа со плус 48-41.
– Одигравме добар и квалитетен натпревар во првиот дел, додека комплетно потфрливме во второто полувреме. Куманово ги искористи сите наши грешки и заслужено славеше во Охрид. Ќе поработиме повеќе на тренинзите и подготвени ќе ги дочекаме следните мечеви во елитата. – рече Петар Чочороски.
Во четвртата рунда од првенството кошаркарите на АВ Охрид гостуваат во Струмица.
Кошарка 1 лига: Куманово ги однесе бодовите од Охрид
OhridNews