Втората сезона во македонската кошаркарска елита АВ Охрид ја започна со победа, откако славеше во спортската сала „Парк“ против Струмица со 90-76. Со исклучок на неколкуте минути во втората четвртина кога охриѓани дозволија резултатски да им се вратат домаќините одиграа маестрален натпревар.
– Очекувавме и знаевме дека ќе одиграме ваков меч со Струмица. Се договоривме да почниме со брзо темпо, бидејќи Струмица има повеќе нови играчи нас кои пристапија во финишот од подготовките. Очигледно не погрешивме со тактиката, а моите играчи ги спроведоа задачите и дојдовме до многу значајна победа на стартот од сезоната. – изјави Петар Чочороски.
Охридскиот стратег верува дека овој триумф ќе биде мотив повеќе за неговите кошаркари кои во среда на домашен терен против Борац Чачак дебитираат во регионлната АБА втора лига.
Прва лига: Триумфален марш на охридските кошаркари во Струмица (видео)
OhridNews