Охридските кошаркари со триумф над Пелистер (73-61) дебитираа во најквалитетна кошаркарска лига во нашата земја. „Галебите“ од првата до последната минута го контролираа натпреварот и резултатот не дозволувајќи му на противникот ниту надеж за поволен резултат.
– Натпреварот беше многу тежок од психички аспект не од играчки, бидејќи многу добро се познаваме со Пелистер. Добро го отворивме мечот, поведовме со двоцифрен број на поени, но потоа подзастанавме, нешто што мора да го поправиме. Со констатна игра во одбрана ја задржавме предноста, но во нападот мора повеќе да работиме, затоа што промашивме чисти ситуации за кош и направиме недозволиви технички грешки. Сепак, мора да земеме во предвид дека ова е почеток на сезона и ние од меч во меч ќе бидеме се подобри. – изјави Петар Чочороски.
Втор противник на кошаркарите на Охрид АВ е тимот на Фени Индустри. Мечот се игра в сабота во спортската арена „Јасмин“ во Кавадарци.
Зоран Петкоски: Лошиот почеток на мечот не чинеше пораз од Охрид
(ВИДЕО) Прва победа на КК АВ Охрид во Првата лига, Пелистер падна во „Билјанини Извори“
OhridNews