Кошаркарите на АВ Охрид со пораз од Сикст Приморска (94-58) ја завршија есенската полусезона во јадранската Втора АБА лига и своите натпреварувачки обврски во 2017 година. Кошаркарите на Сикст Приморскасосема заслужено стигнаа до победата и бодовите во Охрид со кои остануваат во самиот врв од табелата, додека охриѓани повторно мечот го загубија после слабиот почеток.
– Ние да играме од втора четвртина сигурно нема да имаме волкав број на порази. Неизлечлива рана ни е првата четвртина во која воопшто да не играме. Ќе мора тоа да го промениме и да почниме ние да напаѓаме и диктираме игра како што беше случај со нашиот противник. – изјави Петар Чочорски.
– Моите играчите заслжуваат само пофалби, бидејќи професионално и до детаљ ги одработија моите барања. Се договоривме да почниме агресивно и да стекнеме предност уште по првите десет минути. Така и испадна го добивме со +15 првиот период и после беше многу полесно за игра. – истакна Јурица Големац тренерот на Сикст Приморска.
Новајлијата во охридскиот состав Филип Бакоч смета дека што побрзо треба да се заборават и пребродат поразите и да сите во тимот да се насочат кон новите предизвици. – Им честитам на противниците за победата и добрата игра во текот на целиот натпревар. Мора што побрзо да го заборавиме овој меч и полусезоната во Втората АБА лига и да се фокусираме на следните натпревари кои не очекуваат. Кога ќе заиграме како што треба им се држиме на далеку поквалитетни екипи и треба да тежнемее да го задржиме тој ритам.
– Сакам да им се заблагодарам на составот на АВ Охрид за добриот прием и фер и коректната игра. Ние очекувавме да го добиеме овој натпревар, не вака лесно и убедливо. Немаме време ниту за радување ниту за одмор, бидејќи не чека уште еден натпревар во домашниот шампионат. – заврши Мирко Лулалиќ од Сикст Приморска на пресконференција после натпреварот.
Гостинските кошаркари остануваат во самиот врв на табелата во Втората АБА лига, а „галебите“ на последната позиција со една победа и десет порази.
OhridNews