Охридските кошаркари го претрпеа третиот пораз сезонава, откако по многу борба изгубија од Струмица 74-68 во 4-та рунда од Првата кошаркарска лига.
„Галебите“, во еден дел третата четвртина имаа опиплива предност изразена со осум поени (50-42), а на почетокот од последната три поени (55-52), но домаќините најдоа начин и го свртеа резултатот во своја полза.
– Двата претходни убедливи порази оставија психолошки белег на мене и моите играчи, кога го имавме противникот во свои раце не успеавме да го „скршиме“ и да го отпишиме. Сепак, покрај поразот покажавме дека можеме, а во подоцнежните мечеви ќе покажиме дека и знаеме да играме со екипи од овој ранг. Нијанси, два наши нереализирани напади го одлучија победникот, но секој меч во елитата за нас е лекција. – изјави после натпреварот со Струмица, Петар Чочороски.
Домашниот стратег, Зетов задоволен е само од освојувањето на бодовите и ништо друго. – Поразите од Фени и Куманово ни дадоа лоша слика за Охрид, но не беше така на мечот пред нашите гледачи. Го потценавме, мислевме лесно ќе го минеме, но тие ни покажаа дека кошарката се игра на теренот, не, на табелата или пред мечот.
Кошарка Прва лига: Тесен пораз на АВ Охрид во Струмица (видео)
OhridNews