Кошаркарите на Вардар со победата во дербито против Охрид им го расипаа перфектниот скор на „галебите“ во Втората лига, кои пак, се уште прволигашката судбина ја имаат во своите раце.


– Не дека се очекуваше, но спортски е да загубиш и нема ние за што да жалиме. Противникот беше подобар и заслужено победи. Сепак, наша цел пред почетокот на сезоната беше влез во Првата лига, а не сезона без пораз. Затоа ние и покрај поразот се наоѓаме на патот по кој сакаме да се движиме. – рече Петар Чочороски.


Неговите избраници го пребродија поразот и максимално се фокусирани на Академија ФМП кој е следен противник на „галебите“.

– Не се подготвуваме на некој специфичен начин туку исто како и до сега. Имаме одредени проблеми со повредите, но се ќе се разреши до почетокот на средбата со Академија ФМП. – додаде Чочороски.

Охриѓани мечот со Академија ФМП во Билјанини Извори најверојатно ќе го играат в сабота во 18 часот.

Мх.П.