Охридските кошаркари нема по добро да го паметат гостувањето во Ново Место кај тимот на Крка, откако претрпеа убедлив пораз (102-52) во десеттата рунда од Втората регионалната АБА лига.
„Галебите“ минатите мечеви резултатски добро се држеа со противниците, но дуелот со Крка го отворија катастрофално со само шест постигнати поени во првата четвртина (32-6).
– Сите дилеми околу победникот завршија во првиот квартал во кој ние одигравме многу слабо, а Крка дојде до голема позитива. Очигледно е дека нашите играчи не се дораснати за оваа лига. Тешко е да се игра со екипи какви што се Крка и останатите водечки тимови кои се далеку квалитативно пред нас. – изјави Петар Чочороски.
– Натпреварите во Втората АБА лига нам ни служат за стекнување на искуство, но недозволиво е да претрпиме толкав висок пораз. Тимот на Крка на дело покажа зошто се наоѓа на првата позиција доминирајќи во секој аспект во мечот со нас. – додаде Ервин Цого.
Охриѓани во недела која следуваа ќе одиграат три мечеви од кои два против Карпош Соколи и МЗТ Скопје во Првата лига односно Сикст Приморска во регионалното друштво.
АБА: Убедлив пораз на „галебите“ од Крка во Словенија
OhridNews