Со триумфот над Шкупи, кошаркарите на АВ Охрид и теоретски го заверија пласманот во Првата лига од следната сезона и ја исполнија задачата поставена пред нив на стартот од сезоната.


– Ветеното пред почетокот на сезоната го исполнавме. Целта и желбата на Управниот одбор, сопственикот на клубот и охридската публика целосно е исполнета и градот Охрид експресно доби преставник во кошаркарската елита. – рече тренерот на АВ Охрид, Петар Чочороски.

Актуелниот шампион МЗТ Скопје, Работнички, Фени, Кожув, Куманово и други ќе му бидат противници на охридскиот клуб кој ќе дебитира во елитата.

– Кога ја формиравме екипата исто вака ми зборуваа и за Гостивар, Вардар, Водњански Лисици, но тој комплекс го надминавме одма по само неколку мечеви. Имаме добар кострур во екипата и мислам дека со неколку засилувања ќе бидиме тврд орев за сите тимови во Охрид. – додаде охридскиот стратег.


На сите во клубот договорот им завршува после сезонава, а со секој посебно ќе се водат разговори околу продолжувањето на соработката.

– Сопственикот и Управниот одбор задоволни се од комплетниот играчки и тренерски кадар. Измени ќе има, сигурно ќе доведеме неколку играчи кои ќе треба да го засилат квалитетот на екипата. Амбициите зависат од сите, но најмногу од највисокото тело во клубот. – заврши Чочороски.

Мх.П.