Кошаркарите на АВ Охрид на премиерниот натпревар во спортската арена Билјанини Извори забележаа победа над Пелистер (87-63) во тест средбата кои двете екипи ја одиграа.
„Галебите“, на своите верни фанови им приредија вистинско уживање прикажувајќи голем дел од богатиот репертоар.
– Гледачите имаа можност да видат квалитетна кошарка иако се работеше за контролен натпревар без резултатско значење. Засилувањата се покажаа во одлично светло исто како и кошаркарите кои минатата сезона го понесоа товарот. – рече охридскиот стратег, Петар Чочороски.
Тој од мечот со Пелистер ја издвои физичката надмоќност како позитивна работа. – За издвојување е физичката подготовеност и желбата за игра, а тактички потфрливме во некои елементи, но со тек на време нив ќе ги остраниме и максимално ќе бидеме подготвени за почетокот на сезоната.
На натпреварот со Пелистер поради полесни повреди воопшто не настапија Слободан Михајловски и Саша Ѓорѓевиќ.
Мирен лет на „галебите“ до победа против Пелистер
OhridNews