Петар Бошалески е новото засилување на ГКК Охрид, информираат од клубот. Петар доаѓа од редовите на прва лига од екипата на КК Пелистер.
Претходно беше играч на КК Работнички, а е и репрезентативец на Македонија кој ги има поминато сите младински категории на репрезентативно ниво, посочуваат од ГКК Охрид.
Кошаркарите на Охрид во недела во втората полу-сезона од Втората кошаркарска лига го играат првиот меч на гостински терен против екипата на Маџари од Скопје.
OhridNews