Членовите на кошаркарскиот клуб АВ Охрид, Петар Бошалески и Андреј Костадинов ќе бидат дел од вториот селективен тренинг за М13 репрезентацијата, откако успешно го минаа првиот тест.

Вториот селективен тренинг од проектот за развој на млади кошаркари ќе се одржи в сабота на 3 јуни во Скопје под палка на Драган Василов – Цефка.

Охридскиот кошаркарски клуб почна да ги собира плодовите од професиналната и посветена работа. „Галебите“ во името на Стеван Глигоријевиќ добија младински репрезентативец, а на истата врата тропаат Бошалески и Костадинов.

OhridNews