Бранко Петанчески, иницијатор за формирање на новиот синдикат во ЕМО најави дека по судски пат ќе бара објаснување за обвинувањата што на негова адреса ги упати менаџерскиот тим на компанијата, во врска со телевизорите кои вработените требало да ги добијат преку независниот синдикат, во кој тој бил поранешен претседастел.

„Господа менаџери мило ми е што признавате дека моите идеи се подобри од човекот што ме наследи за кој ве предупредив дека дека нема да му тргне на ЕМО. А за телевизорите ќе мора вистината да ја кажете на суд. Но, ќе ви дадам шанса ако јавно се извините со соопштение“, вели Бранко Петанчески-иницијатор за формирање нов синдикат во АД ЕМО.

Тој кажа дека менаџерскиот тим не треба да стравува од новиот синдикат и дека иницијативниот одбор кој стои зад неговото формирање е отворен за соработка.

Менаџерскиот тим на АД ЕМО, вчера се огласи со сопштение во кое идејата за формирање на трет синдикат во ЕМО ја оцени како легитимна, но премногу штетна за вработените доколку би се остварила. Менаџерскиот тим, исто така, најави судска разрешница на случајот со синдикалните телевизори.

Ohridnews