Светската организација за заштита на животните ПЕТА одлучила да и помогне на Линдзи Лохан по медиумските написи дека актерката не може да си го плати одвикнувањето од зависности во клиниката Бети Форд. Организацијата и нуди финансиска помош на Лохан доколку се одвикне од алкохолот и дрогата и доколку престане да јаде месо.
Од организацијата додале дека со тој потег би му направила огромна услуга на своето тело, на животните и на земјата. Линдзи би добила околу 20 илјади долари доколку се согласи на нивните услови. Сепак тоа нема да и биде доволно за плаќање на трошоците во клиниката бидејќи тие изнесуваат околу 50 илјади долари.