Пет лица загинаа и најмалку 36 други се ранети, од кои 12 странски државјани, во самоубиствениот бомбашки напад кој одекна деенскана авенијата Истиклал во центарот на Истанбул, пренесуваат турските медиуми.
Нападот се случи на улицата Бало пред канцеларијата на локалниот гувернер во општината Бејоглу, и започната е темелна истрага за нападот, изјави за медиумите гувернерот на турскиот мегалополис Истанбул, Васип Шахин.
Министерот за здравство Мехмет Муезиноглу соопшти дека се ранети 36 лица, од кои 12 се странски државјани во тешка состојба и едно дете. Според него, во истанбулските болници седум жртви се во критична состојба.
Портпаролот на израелското министерство за надворешни работи Емануел Нахсон потврди дека се ранети израелски државјани, но за Reuters не можел да ја потврди нивната бројка. Висок турски функционер за Reuters, кој барал да остане анонимен, изјавил дека првичните сознанија укажуваат дека забранетата Работничка партија на Курдистан (ПКК) или некоја од нејзините фракции, стојат зад нападот. Според него, напаѓачот бил спречен да го изведе нападот како што планирал, бидејќи бил забележан од полицајци и ја активирал бомбата „од страв“.
Скин, вокалиститот на светски познатиот британски бенд Skunk Anansi, бил меѓу очевидците на нападот. „Голема експлозија на бомба пред нашиот хотел. Јас сум во ред, многу сум потресен, мртви луѓе, ужасни слики“, напиша пејачот на Twitter веднаш по експлозијата која одекна околу 11 часот.
Овој напад доаѓа шест дена по големата експлозија на автомобил бомба во турската престолнина Анкара, кога минатата недела загинаа 35 луѓе. Одговорноста за нападот ја преземаа милитантите од организацијата Курдски соколи на слободата (ТАК), која се смета за отцепена фракција од РКК. Кон крајот на февруари ТАК ја презема одговорноста, исто така, за големиот напад со автомобил бомба во Анкара кога беа убиени 29 луѓе.
Незапирливиот бран насилства во Турција започна минатото лето, кога во југоисточниот дел се случи џихадистички напад врз курдски активисти, а курдските милитанти ја преземаа одговорноста за убиство на двајца турски полицајци. Потоа следеше најголемиот терористички напад изведен на турска територија, на централната железничка станица во Анкара, која беа убиени 105 луѓе, активисти на прокурдски и левичарски организации и движења. Турските власти за овој напад ја обвинија Исламската држава.
OhridNews
Извор:„Макфакс“