Растот на косата е природна работа, но постојат многу нешта со кои ја забавуваме таа постапка. Ако имате проблеми со константно опаѓање на косата, секако дека треба да посетите доктор бидејќи во прашање може да бидат повеќе работи – хормонско пореметување,стрес, анемија или некоја друга причина на која треба да се обрне внимание.

Ако косата не ви опаѓа во загрижувачки количини, а сакате да го поттикнете нејзиниот раст, обрнете внимание на овие пет работи:

1. Здрава исхрана

За растот на косата неопходни се железото, цинкот, протеини и витамин Б! Ако ги немате доволно во исхраната, голема е веројатноста косата да е слаба. Зелен зеленчук, риба, месо , цвекло…тоа се намирници кои и тоа како може да и помогнат на косата побрзо да порасне.

2. Додатоци во исхраната

Витаминот Б е познат по тоа што го забрзува растот на косата и ноктите, а може да се пие и хмељ кој го има во изобилство.

3. Пилинг на темето

За здрав раст на косата исклучително важно е и темето. Ако е покриено со мрсен слој, остатоци од козметичките производи, косата ќе расте побавно. Затоа е добро еднаш неделно да се направи пилинг на темето. Никако не се користи пилинг кој се користи на лицето. Пилинг за темето можете да пронајдете во фризерските салони, или да си направите сами од две лажички кафе и две лажици маслиново масло.

4. Масажа на темето

Добрата циркулација е важна за раст на косата, па одлична идеја е неколку пати неделно да се измасира темето. Додека ја гледате омилената серија, со прстите измасирајте си го целото теме неколку минути за да се поттикне циркулацијата.

5. Не носете ја косата во реп и пунџа

Ако постојано ја носите косата цврсто врзана во реп или пунџа, доаѓа до два проблеми. Дел од косата каде што е врзана слабее е пука, а и констатно се затега косата на темето. Се разбира, тоа не значи дека не смеете никогаш да ја носите оваа фризура, но дома и за спиње косата може да се собере и со шноли, траки или марами.

извор:zenstvena.com