Кокосовото масло е производ кој може да има многу различни намени во вашата рутина за разубавување. Тоа се впива брзо и целосно, неговата цена и не е толку висока ако се направи споредба со сите производи кои може да ги замени и што е најважно кокосовото масло е навистина здраво.


Тоа може да се употребува како:

1.Хидратант: Многу луѓе го користат кокосовото масло за хидрирање на кожата преку ноќ, но и како лосион за целото тело бидејќи се впива брзо и не остава масни траги.

2.Маска за коса: Ставете мала количина на кокосово масло на вашата коса и потрудете се да ги достигнете сите делови, потоа ставете капа за туширање и оставете го маслото да делува половина час. Косата измите ја со шампон, а ефектот на маслото ќе се забележи откако ќе ја исушите.

3.Кондиционер: Кокосовото масло може да го користите и како кондиционер за коса на истиот начин на кој се користат регуларните кондиционери.

4.Масло за бричење: Многу од производите кои ги користите за бричење предизвикуваат иритација. Тенок слој на кокосово масло ќе го направи трикот. Исто така ја хидрира вашата кожа, ја прави мека и убава.

5. Балсам за усни: Кокосовото масло измешано со други состојки како на пример Алое Вера гел, маслиново масло може да се направи совршен балсам за усни.