Актуелниот европски и македонски првак, Вардар, повторно се најде на удар од коронавирусот. „Црвено црните“ пријавија пет ракометари позитивни на ковид -19.

Еден од ракометари се пожалил на зголемена телесна температура, не посредно после враќањето од Полска каде Вардар го одигра мечот со Киелце. Ракометарот добил позитивен тест, а клубот веднаш ги тестирал останатите ракометари, членови на стручниот штаб и логистиката, по што добил нови четири позитивни случаи помеѓу играчите.

Од клубот експресно ја известија Европската куќа на ракометот (ЕХФ), која веднаш ги одложи мечевите со Пари Сент Жермен односно Порто. Нов термин за дуелот со ПСЖ во Скопје е 1 декември, додека мечот со Порто во Португалија ќе се одигра на 4 декември.

Вардар после пет одиграни мечеви во фазата по групи во ЛШ има една победа, едно реми и три порази, и се наоѓа на шестата позиција на табелата.

OhridNews