Христијан Пупунцоски (лево крило), Матео Силјаноски (лев бек), Петар Николоски (среден бек), Стефан Матески (пикер) и Бојан Крстевски (голман) се најдоа на списокот на ракометари од генерација 2008/2009 кои се повикани за македонската репрезентација.

ГРК Охрид им посакува среќа за да бидат прв избор на своите позиции, а овој избор да биде поттик за сите наши ракометари во сите категории да продолжат да спортуваат и да се развиваат! Големо браво за трудот и работата на нашите тренери! Охрид им е благодарен!, велат од клубот.

Собирот ќе се одржи на 28.05.2023 (недела) со почеток во 10:00 часот во спортската сала Автокоманда во Скопје.

OhridNews