На 46-тиот државен натпревар за камерна музика што се одржа во Скопје, учениците од Основното музичко училиште „Методи Патче“ од Охрид постигнаа повеќе од забележителни резултати. Просториите на реномираниот музичко – балетски училишен центар „И. Николовски – Луј“ во Скопје „доби“ охридски предзнак. Петнаесет ученици на „Методи Патче“, на различна возраст, а поделени во седум состави, освоија пет први награди и по една втора и трета награда.


редат успеси – младите музишари од ОМУ „Методи Патче“

Први награди освоија дуетите на флејти Тамара Џајкоска / Мелани Момироска и Кристијан Трајчески / Александар Лолески. Двата дуети се во класата на проф. Нина Момировска.

Најдобри беа и гудачкото трио: Петар Паскали, Сара Зеко и Дејана Цветкоска во класата на проф. Петар Димески, како и клавирското трио: Петар Паскали, Сара Зеко и Сара Кескоска (професори Петар Димески и Ана Булоска).

Втора награда освои триото флејти: Теодора Бујароска, Тања Стојаноска и Елена Ѓорѓиоска (проф. Нина Момироска).

На Државниот натпревар во камерна музика учествуваа над 100 состави од цела Македонија.

„Многу сум задоволна од успехот што го остварија нашите ученици. Бевме многу техничко – тонски спремни за што добивме посебни пофалби од реномираното жири иако тоа и самите награди го кажуваат“- не го криеше задоволствато директорката Нина Момировска.

Успехот го заокружија сестрите Кристина и Ивона Базгалоски кои во клавирски дуа освоија трета награда (проф. Мухамед Бајрам).

Следната недела, на 22 април, за прв пат во училиштето ќе се одржи Велигденски концерт кој ќе биде шанса и помладите ученици кои немаат многи искуство да почуствуваат како е да се настапува пред публика.

Спаско Костоски