МВР покренало пет постапки за говор на омраза на социјалните мрежи во врска со трагичната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Тетово и се работи на откривање на други профили на социјалните мрежи од кои се шират говори на омраза, информираше министерот за надворешни работи, Оливер Спасовски.

Министерот додаде дека поднесени се соодветни пријави во надлежните јавни обвинителства во Скопје, Струмица и во Куманово и дека ако се случуваат слични работи и во наредните денови ќе има повторно соодветна реакција од министерството.

OhridNews