Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, денеска, заедно со претставниците на СВР Охрид и градоначалникот Констатнин Георгиески, промовира пет нови пловни објекти, наменети за Езерската полиција во Охрид, кои ќе придонесат за зголемување на безбедноста на Охридското Езеро.

 

Два од пловните објекти во вредност од 8 милиони денари се набавени со средства од буџетото на МВР. Преостанатите се донација од Министерството за внатрешни работи од Република Чешка. Два се пловни објекти со црвсто корито и еден гумен чамец, во вредност исто така од 8 милиони денари, истакна министерот Спасовски.

Ова е набавка што за прв пат се прави после 20 години, и е уште еден пример за нашата посветеност комплетно да ја опремиме македонската полиција, да обезбедиме максимални услови за работа на полициските службеници, со што ќе се зголеми безбедноста на граѓаните. Сакам да упатам огромна благодарност до владата од Република Чешка, до амбасадата во Македонија од оваа наша пријателска земја, кои во изминативе години постојано ни помагаат во остварување на нашите цели и планови. – изјави Спасовски.

Тој додаде дека МВР посветено работи на подобрување на условите за работа во полицијата.

Набавуваме униформи и опрема за полициските службеници, а посветено работиме и на реновирање на полициските станици. Пред два дена ја исплативме бонус платата за 2017 година. Во најскоро време ќе ја исплатиме бонус платата за 2018 година.  – рече Спасовски.

OhridNews