Фудбалерите на Охрид дополнително ја ископликуваа ионака комплицираната состојба во која се наоѓа второлигашот од „Билјанини извори“. Охрид денеска загуби во директниот дуел за опстанок од Вардар Декамел на гости со убедливи 5:1.
ја искомпликуваа состојбата – фудбалерите на Охрид
По овој пораз “белите“ се на чекор до дното кое води во понизок ранг. Во прилог не им оди ниту распоредот бидејќи веќе во вторник на мегдан на „Билјанини извори“ треба да излезат со езерскиот ривал Караорман кој исто така грчевито се бори за опстанок. Некогаш големото Езерско дерби, сега ќе биде привлечно не по квалитет туку поради ситуацијата во која се наоѓаат Охрид и Караорман. Кој ќе загуби со една нога ќе биде поблиску до испаѓање. Победникот може да се надева на опстанок. Караорман денеска славеше во дерби мечот на дното против Локомотива со која Охрид игра следната сабота. Бодовната разлика помеѓу Охрид и претпоследниот Караорман е само еден бод.
Г. Момироски