Пет одобренија за градење се издадени во септември во Охрид. Според податоците од Државниот завод за статистика (ДЗС) едно е издадено на физичко лице, додека 4 на деловни субјекти.

Предвидена е изградба на 76 станови со вкупна корисна површина од 3.797 м². Од нив 61 двособен и 15 трособни. Во истиот период во општините Дебрца и Вевчани се издадени по едно одобрение за градење и тоа на деловен субјект, додека пак во општина Струга нема издадено ниту едно одобрение за градба, велат податоците на ДЗС.

На ниво на држава се издадени 296 одобренија за градење, што е за 9.2 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7 517 775 илјади денари, што е за 12.6 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 146 (49.3 %) се наменети за објекти од високоградба, 90 (30.4 %) за објекти од нискоградба и 60 (20.3 %) за објекти за реконструкција, се посочува во податоците.

Од вкупно 296 објекти, на 131 (44.3 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 165 (55.7 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 755 станови, со вкупна корисна површина од 67 372 м2.

Н.С.Ј