Охридските атлетичари Јулијана Велјаноска и Стефан Стефаноски освоија вкупно пет одличја на Државното првенство во фрлачки дисциплини кое се одржа на 1 април во Охрид под покровителство на Атлетската федерација на Македонија (АФМ) со техничка од Атлетскиот клуб Охрид.

Искусната атлетичарка Велјаноска со златен медал се закити во дисциплината ѓуле и кладиво, додека во диск заврши на втората позиција. Стефаноски во дисциплината диск со личен рекорд стигна до златниот медал, додека во копје финишираше на третата позиција.

– Презадоволен сум од настапот на Јуле и Стефан, и ова е само круна на она што значи многу труд и напорни тренинзи. Но ова е само почеток и сезоната е пред нас. Сите натпреварувачи во клубот се во одлична форма и за среќа немаме проблем со повреди. – изјави тренерот на охридските атлетичари, Миле Јовановски.

Следен, воедно е голем тест е митингот во Охрид на крајот од април месец, кој и официјално ќе означи почеток на новата натпреварувачка сезона.

OhridNews