Таеквондистите од клубот „HWA RANG ITF“ освоија пет одличја во пет дисциплини на меѓународниот турнир во Бачка Топола, Србија.
Со златен медал во категоријата „спаринг“ се закити Божидар Димитриевиќ. Во „спаринг“ пионери до (155 см) сребрено одличје освои Антонио Јанески додека Христијан Митрески во истата дисциплина се искачи на третата позиција.
Христина Митреска во женски пионери до 155 см изгуби во финалето и мораше да се задоволи со злато додека одличниот настап за таеквондистите од Охрид го заокружи Дејан Митрески со бронза во категоријата до 145 см пионери.
На турнирот покрај охриѓаните учествуваа уште таеквондисти од Австрија, Унгарија, Словенија, Хрватска, Босна, Бугарија што го прави овој турнир еден од најквалитетни во Европа.
Тренинзите таеквондистите од HWA RANG ITF ги одработуваат во Лескоец под будното око на Марјанчо Лазаревски и Александар Митрески.
Мх.П.