Теквондо клубот „Хва Ранг ИТФ“ од Лескоец – Охрид имаше успешен настап на Меѓународниот А класа турнир „Бугарија Опен 2017“ кој се одржа во Благоевград.
Честа на клубот ја одбранија Божидар Димитриевиќ и Елена Јанеска кои освоија златни медали настапувајќи за други екипи, откако во категорија која се натпреваруваше охридскиот клуб немаше доволен број на учесници.
Јанеска настапи за екипата од Словенија која беше составена од три словенки и една натпреварувачка од Чешка. Во одлучувачките моменти Јанеска не потфрли и беше една од најзаслужните за златниот медал во екипна конкуренција.
Димитриевиќ настапи за екипата на Асеновец која немаше големи амбиции. Токму преставникот од охридскиот клуб беше иницијатор на пласманот во финалето. Таму судиските грешки го одлучија победникот и триумфираше домашната екипа.
Покрај Јанеска и Димитриевиќ одличје на турнирот во Бугарија освои и Христијан Митрески кој се закити со сребро во категоријата спаринг борби за јуниори од 14 до 15 години до 70 килограми.
Тренерот на екипата Марјанчо Лазарески задоволен е од постигнатите резултатит и турнирот кој е дел од „А класата“ го рангира на исто рамниште со Европско првенство.
Освојувачи на медали:
Божидар Димитриевиќ
-1 место злато –спаринг борби деца 12-13 години +65 кг.
-2 место сребро -спаринг екипно
Елен Јанеска
-3 место бронза –спаринг борби девојчиња 10-11 години -55 кг.
-1 место злато -спаринг екипно
Христијан Митрески
-2 место сребро –спаринг борби јуниори 14-15 години -70 кг.
OhridNews