Стрелачите од клубовите Охрид и Лихнидос имаа успешен настап на Државното првенство, кое се одржа на стрелиштето „Стив Наумов“ во Битола, освојувајќи четири медали поединечно и едно одличје во екипна конкуренција.

Најдобар успех на Државното првенство оствари Јована Милевска која триумфираше во категорија јуниорки. Таа не го надмина личниот рекорд, но резултатот се покажа доволен за прво место и златен медал.

Вицешампионската титула во категоријата јуниори му припадна на Бојан Спасеновски од клубот Лихнидос. Тој заостана само 2,3 кругови од првопласираниот.

Во сениорска категорија, Мартин Петровска за влакно не успеа да се искачи на највисокот место на пиедсталот. Петровска за 0,5 кругови имаше послаб резултат од стрелачката која триумфираше. Третопласирана кај сениорките беше Јана Маркоска со нецели четири кругови послаб резултатот од Петровска.

Вицешампионската титула за екипен пласман кај јуниорите им припадна на екипата од ЖСК “Лихнидос” во состав на Бојан Спасеновски (594,2), Никола Спироски (549,1) и Владимир Здравковиќ (547,6). Кај јуниорките, Калина Чепуњоска со резултат од 533,3 круга се пласира на 14-тата позиција, додека Емилија Алексоска (ЖСК “Лихнидос”) се пласира на 19-тата позиција. Од останатите членови на ЖСК “Лихнидос”, Никола Спироски се пласира на 8-та позиција, Владимир Здравковиќ на 9-тата позиција, додека Христија Србакоски и Даниел Стојаноски се пласираа на 12-тата, односно 15-тата позиција.

Поради кризата предизвиката од коронавирусот на Државното првенство во Битола учеството го откажаа дузина стрелци, што се одрази на квалитетот и конкуренцијата.

OhridNews