Ракометарите на Охрид, забележаа нова победа во младинска конкуренција совладувајќи го битолски Пелистер со 32-27 (17-15) во петтата рунда од шампионатот.
„Гладијаторите“, до петтата победа во првенството стигнаа на доминантен начин, контролирајќи го резултатот во текот на целиот натпревар.
Во ефикасното прво полувреме охриѓани постигнаа два голови повеќе и на одмор заминаа со плус два (17-15). Ракометарите на Охрид во вториот дел не само што го задржаа водството туку и го зголемија за победа од 32-27.
Во тимот на Охрид, Мартин Ивановски постигна 11 погодоци, а по него следуваа Наум Костов со 8 и Никола Ристески 5 голови. Во Пелистер најефикасен беше Христијан Митровски со 10 погодоци.
Во следната шеста рунда Охрид игра против тимот на Пролет во Скопје.
OhridNews