Гостинските екипи ги одбележаа вечерашниве натпревари во Премиер лигата, откако славеа на сите пет мечевите кои се одиграа во рамките од 22-та рунда, во англискиот шампионат.

Најпријатно изненадување приреди Брајтон, кој со минимални 1-0 го совлада Ливерпул на „Енфилд“. Значајни бодови во борбата за титулата освои Манчестер Сити на гостувањето на „Турф Мур“, совладувајќи го Барнли со 2-0.

На теренот од противникот на триумф се радуваа Лестер кој победи кај Фулам (2-0), Евертон кој славеше против Лидс (2-1) односно Вест Хем кој ја преслуша Астон Вила со 3-1.

  • Резултати:

Барнли – Мен Сити 0-2

Фулам – Лестер 0-2

Лидс – Евертон 1-2

Астон Вила – Вест Хем 1-3

Ливерпул – Брајтон 0-1

Табела: Мен Сити 47 (-1), Мен Ју 44, Лестер 42, Ливерпул 40, Вест Хем 38…

OhridNews